Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по средбата со американскиот сенатор Крис Марфи, на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на 58. Минхенска конференција за безбедност, која годинава е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“, порача дека САД остануваат наш партнер и пријател на патот кој води до целосно членство на Македонија во Европската Унија.

Низ разговорот Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда. Од особена важност е и регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, која се интензивира, особено во полето на диверзификација во енергетскиот сектор – напиша Маричиќ на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.