Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека имало позитивна енергија на вчерашната средба меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Тој вели дека очекува решавање на отворените прашања меѓу државите.

-Ова е посета прва откако имаме двајца нови премиери и две нови Влади од двете страни на границата, практично го претставува новиот пристап во разговорите. Пристап во кој што има меѓусебно уважување, кој што има отворен дијалог и во кој што се проширува кругот на темите, вели Маричиќ.

Во врска со изјавите на поранешниот вицепремиер Никола Димитров, Маричиќ истакна дека разбира оти досега имало пристап да се држат сите прашања во пакет, но според него, досегашниот пристап не дал целосно резултати иако точките биле добро определени.

-Тактички ова беше важно како гест на добра волја од двете страни, да затвориме едно од отворените прашања за почеток, а сите останати отворени прашања ќе ги решаваме како целина, вели Маричиќ.

Во продолжение целата изјава:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.