Не може од државна плата да станете милионери. Тоа е невозможно. Ако сте станале од државна плата милионери значи не сте заработиле чесно. Ако не сте заработиле чесно вашето место не е во правосудниот систем, обвинителството, ниту во политиката, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ на митинг во Центар.

Тој додаде дека ветингот значи проверка на потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на секој функционер во политиката.

Проверка на сите релации, лични, родбински и бизнис релации на нивните семејства. И отстранување од системот на оние луѓе на кои што ќе им се утврди конфликт на интерес и на кој што ќе им се утврди прекумерен имот кој што не можат да објаснат како го стекнале, рече Маричиќ.

Тој додаде дека овој пат нема да се отстапи од ветингот, без разлика на притисокот од ЕУ, бидејќи доколку пред седум години се направеше ветинг, сега друга држава ќе беше Македонија.

Ве уверувам дека наредниот мандат тоа ќе ни биде еден од главните фокуси и никој више не може да не поколеба во тоа. Тој ветинг мора да го направиме и мора и во политиката, судството, обвинителството кадрите и луѓето да се делат на чесни и нечесни, на способни и неспособни, на искрени и лажни, рече Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.