„Тоа се неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата дека има пет други држави од ЕУ кои имале забелешки за Македонија и кои би нѐ спречиле да продолжиме со преговорите. Тоа не е точно тоа нема никаква врска со реалноста“, реагира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој рече дека ЕУ не ја притиска Бугарија во однос на Македонија бидејќи, како што нагласи, против отворање на преговори со Македонија се најмалку пет членки на ЕУ кои забележуваат висок степен на корупција во земјава.

„Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе нѐ чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата, изјави Маричиќ во гостувањето на Националниот сервис.

Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.

„Ќе почнат преговорите за Украина, за Молдавија, можно е да се донесе одлука Албаниај да продолжи понатаму. Ќе останеме во една категорија на држави кои што се далеку од преговорти како што се БиХ и Косово. Мислам дека тоа овие и наредноите генерации нема да ни го простат“, рече Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.