Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ја предводеше делегацијата на Македонија, која денеска се вклучи во клучните дипломатски разговори со белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лахбиб, во Брисел.  потврдувајќи ја непоколебливата посветеност на Македонија на нејзината европска агенда.

Покрај цврстата поддршка на белгиското претседателство, вицепремиерот Маричиќ ја истакна решителната посветеност на Македонија за развој и успешна реализација на европската интеграција.

Состанокот претставуваше основа за изнаоѓање на начини за засилена соработка меѓу Македонија и Белгија, чија цел е зајакнување на регионалната стабилност, економскиот просперитет и културната размена во европската рамка.

Министерката за надворешни работи Лахбиб го пофали напредокот на Македонија во усогласувањето со европските вредности и стандарди, изразувајќи ја цврстата поддршка на Белгија за европските аспирации на Македонија. Во разговорот беше истакната важноста на солидарноста и партнерството во решавање  на предизвиците и можностите на европскиот пат.

Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност, истакнувајќи ја важноста на периодот на белгиското претседателство, кога што ќе се одвиваат клучни процеси во ЕУ важни за нас и за регионот.

„Нашата мисија е насочена кон проактивен ангажман на Македонија за исполнување на целта за полноправно членство во ЕУ.“ рече Маричиќ

Нашите заедничките вредности и заедничките цели што ги обврзуваат Македонија и Белгија, се решителност за продлабочување на соработката во различни сектори, реформи на демократски принципи, раст и развој на државите членки заедно со земјите кандидати од Западниот Балкан, како и реализација на проширувањето на Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.