Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во својата изјава за социјалните медиуми го одбележа денот на македонскиот јазик, 5 мај
Во изјавата Маричиќ ја нагласува важноста на македонскиот јазик кој го претставува нашиот идентитет, прифатен и потврден како дел од европските идентитети.
„Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.
Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.“
Маричиќ истакна дека меѓународно признавање на македонскиот јазик е доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување.
„Македонскиот јазик е европски“, изјави Маричиќ.
Проследете ја интегралната изјава на Маричиќ:
„Македонскиот јазик е нашиот идентитет. Тој е прифатен и потврден како дел од европските идентитети. Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.
Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.Ова е меѓународно признавање на македонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.