Постојат два начини да се стигне до мнозинство во Собранието од 80 пратеници со кое ќе измени Уставот, а со тоа ќе продолжат и преговорите со ЕУ, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Кога ќе закажеме седница, тоа ќе биде знак дека сме приближени кон мнозинство. Во моментот, мислам дека поддршката оди до 73 пратеници. Но, тоа беше гласање за дневен ред. Седницата може да биде отворена додека претседателот не ја свика. Постојат два начина: едниот е ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да даде поддршка под одредени услови, кои беа разговарани и на лидерската средба пред два месеца. Вториот начин е само некои од пратениците да одлучат да гласаат за овие уставни промени како пред пет години кога се менуваше името. Јас не гледам трет начин, но тие се двете опции. Ние ќе работиме на двете нивоа. Сметам дека не е невозможно, туку дека е возможно и дека имаме време и простор да разговараме и да дојдеме до решение“, додаде Маричиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.