Го имаме нашето место во ЕУ, сега е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Македонија и за нашето членство во ЕУ, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба со „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Како што истакна Маричиќ на заедничката прес-конференција по средбата, земјава е цврсто решена да продолжи по европскиот пат и е подготвена во наредниот краток рок да ги исполни приоритетите од реформската агенда.

Вицепремиерот очекува од сите политички партии и пратеници да придонесат за интензивирање на преговарачкиот процес. Тој апелира да се донесат уставните измени и „да се надмине периодот без никаква штета и можност да се вратиме назад во чекалната или во изолираното минато“. Уставните измени, потенцира, ќе бидат покажување на дело вистинска грижа за интересите на државата и граѓаните. Според Маричиќ, имаме прилика која ретко се појавува и треба да ја искористиме, да бидеме позитивен пример што ќе пренесува во регионот.

Тонот и позитивната атмосфера кои доаѓаат од нашите европски партнери и сојузници заедно со новиот план за забрзана интеграција, предложен од ЕК, се доволна причина за оптимизиам и поттик да создадеме услови за нова динамика на процесот која сите ја очекуваат. Владата сигурно и непоколебливо ја води државата на европскиот пат, подготвени сме во наредниот краток рок да ги исполниме приоритетите од реформската агенда, да докажеме дека сме држава која има капацитет во наредниот пероид да напредува во европскиот пат и да остане промотор на европските вредности. Токму затоа не се откажуваме од воспоставување дијалот за најважниот процес и за политички консензус за ЕУ. Очекувам на сите политички партии и на сите пратеници да ни биде приоритет да го продолжиме успехот од пред една година и да го нтензивираме преговарачкиот процес. Со стратешка и проактивна политика да ги направиме уставните измени и да го надминеме периодот без никаква штета и без ожност да се вратиме назад во чекалната или, пак, во изолираното минато. Тоа сме го поминале и тоа не го сакаме ниту за нашите граѓани, ниту за нашите идни генерации. Имаме прилика која ретко се појавува. Последните 20 години ја имаше само Хрватска од нашиот регион и мудро и државнички ја искористи. Мислам дека можеме да ја искористиме и ние можноста Cеверна Македонија да биде позитивен пример што ќе пренесува во регионот, рече Маричиќ.

Владата, дополни, е цврсто решена да продолжи да го усвојува европскиот систем на вредности и да тежнее кон европеизација на општеството.

Тонот и позитивната атмосфера кои доаѓаат од нашите европски партнери и сојузници, дополнети со новиот план за забрзана интеграција предложен од ЕК, се доволна причина за оптимизам и поттик да создадеме услови да дадеме нова динамика на процесот која сите ја очекуваат. Она што е најважно е дека сме цврсто решени да продолжиме да го усвојуваме европскиот систем на вредности и да тежнееме кон европски квалитет на живот и европеизација на нашето општество. Но, исто така, важен е за нас и одговорот на прашањето кога можеме да го очекуваме следното проширување, особено кога се наоѓаме пред процес кој ја одлучува насоката во која ќе продолжиме да ја движиме и развиваме Cеверна Македонија. На целиот регион му е потребна јасна временска рамка, но и реформска рамка за членство во ЕУ која ќе не охрабри да продолжиме да ги исполнуваме задачите со ново темпо и со која ќе го вратиме кредибилитетот на политиката за проширување. Ова не е важно само за нашиот регион, секако е многу важно и за Украина која е под жестока руска агресија, како и за целиот регион околу Украина, истакна вицепремиерот.

Не бараме ништо друго, дополни Маричиќ, освен заслужено место во ЕУ и тоа да биде со следниот пакет на проширување.

Да се погрижиме да ги завршиме навреме обврските и да имаме план во догледно време за членство во ЕУ. Ова е добар момент за земја која ќе ги исполни условите да потврди со својот пример дека може да биде успешна приказна и за ЕУ и за целиот регион, рече заменик претседателот на Владата.

Маричиќ ја почна прес-конференцијата со констатцијата дека е домаќин на вистински пријатели и искрени поддржувачи на македонската перспектива.

Ова е доказ за интензивната комуникација што ја имаме и за разбирањето на нашата европска аспирација со јасна желба и очекување таа да успее. Имавме корисна средба и отворена дискусија на која главна тема секако беше преговарачкиот процес, негово забрзување, иднината на проширувањето на ЕУ во новиот геополитички контекст со јасен заклучок дека го имаме нашето место во ЕУ и дека сега е навистина време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Cеверна Македонија и нашето членство во ЕУ, нагласи Маричиќ.

По него се обрати Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.