Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во рамки на Кампањата „Ние сме Европа“, го посети еден од најстарите манастири во скопскиот регион, манастирот Свети Пантелејмон, во кој беа вложени европски средства за целосно реновирање на ѕидините и амбиентот околу него.  

Вицепремиерот Маричиќ во изјавата дадена при посетата на манастирот рече дека македонското културно наследство, македонскиот идентитет, македонскиот јазик се дел од европското наследство и дека ЕУ тоа го признава, верификува и вложува во нивна заштита.

Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки, рече Маричиќ, порачувајќи дека треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство, да работиме на негово зачувување и да направиме напори влеземе во Европската Унија што побрзо бидејќи како што рече вицепремиерот ЕУ е подготвена уште повеќе да вложи во заштита и развој на македонското културно и духовно наследство.

Денес сме во манастирот Свети Пантелејмон еден од најстарите манастири во скопскиот регион.

Манастир од дванаесеттиот век којшто е еден од одразите на нашите длабоки корени нашето културно наследство и духовното наследство на македонскиот народ.

Тука сме како дел од кампањата Ние сме Европа, за да потенцираме дека нашето културно наследство нашиот идентитет нашиот јазик и нашето културно наследство се дел од европското наследство.

Тоа го признава и верификува Европската Унија. Впрочем европски пари преку прекуграничната програма со Косово се вложени во реновирање на манастирските ѕидини и на целиот амбиент околу манастирот.

Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки.

Затоа треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство и да работиме на негово зачувување и така горди со своето културно и духовно наследство да влеземе во Европската Унија што побрзо затоа што таа е подготвена уште повеќе да вложи во негова заштита и негов развој.

Тоа е така и не може да биде поинаку затоа што ние сме Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.