Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).

„Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада.

Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат. Наводната проевропска партија “ги отвори вратите на ЕУ”, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади албанци. Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Tоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, стои во соопштението на ДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.