Никој на планетава нема Устав кој што забранува да се грижите за некого. Не, тоа е спротивно на рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Она што е чудно кај нас е дека ние сами велиме нема да се мешаме во внатрешните работи на другите луѓе, и велиме дека немаме теруиторијални претензии. Што значи кога некој посилен од вас плус и со вас во НАТО бара вие во Уставот да му гарантирате дека немате територијални претензии. Тоа значи дека има некоја причина внтаре и тоа е Фројдовска потсвест. Тоа значи дека признава посредно дека има Македонци во Бугарија, дека има Македонци во Грција, иначе кому би му текнало да се меша или да има територијални претензии кон некоја држава ако таму нема некој субјект. Или ако таму нема нешто што е спорно. Далеку од умот дека ние би се мешале во внатрешнните работи меѓутоа ние цело време сме објект на мешање во внатрешни работи, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека мешање значи вие да диктирате, вие да кажувате решенија.

Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во Парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во Парламенто има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е,министрите доаѓаат во Парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика.

Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.