Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој беше во Собранието до Зоран Заев на 27 април, денеска се огласи на „Фејсбук“ по повод петгодишнината од инцидентот.

Поминаа пет години, за жал многу работи останаа исти а некои дури отидоа и на полошо.
Правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, за жал како и секогаш заглавија само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекоа и спогодија.
– Историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапи…
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!, порача Димитриевски.

Коментар на оваа објава му даде Панче Заев, таткото на поранешниот премиер и претседател на СДСМ.

Максим нели ти е срам беше таму имавте среќа што извлековте живи глави и сега да имало за сите амнестија, што сорта ќе беше ти се однесуваш како да не си оттука, срамно Максо мојот трет син и побратим на Зоки, му пиша Панче Заев.

Димитриевски, веднаш му врати коментар дека е од сортата Кумановска, истата таа сорта што пред Владата со денови спиеше заедно со многумина како нив, истата таа сорта што застана во прв ред да го брани тоа во што верувале сите, во слоганот „Нема правда, нема мир“, во подобра држава во која поединци нема да бидат над законот.

Ви благодарам јас татко имам во Куманово, Димче се вика, амнестијата беше токму направена со политички договор во неколку наврати, мојот како што вие велите побратим по крв многу добро знае за тоа. Зошто Груевски побегна во Унгарија, кој му дозволи, зошто никој не одговараше никогаш за тоа, како тоа вратарите наши тогаш колеги пратеници денес не одговараат, зошто тој што со столови ни ги кршеше главите до ден денес не е осуден и на крај зошто до ден денес не ме повикаа никогаш повеќе да дадам изјава на суд откако во неформален разговор и реков на судијката дека тие што ги носат на суд за фрлање на сталци и статици кон нас треба да мандатно да се казнат и да се испратат дома со семејствата, а вистинските виновници коишто беа сценаристи и режисери, логистика, луѓе кои отвораа врати и ја наведуваа толпата по ходниците на Собранието да одговараат. Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто драг чичко Панче, но никогаш повеќе за онаа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил, напиша Димитриевски.

Овој одговор доби голема поддршка од јавноста, а под пишувањето на Панче Заев многумина го прашаа со кое лице тој зборува за чесност или патриотизам, кога неговото семејство е виновно за она што ѝ се случува на Македонија денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.