Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.

Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.

Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.

За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски за најавите од Вреди за промените во МАНУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.