Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Клик21“ на телевизија 21 истакна дека на овогодинешниот празник Илинден 2 Август Македонците не биле среќни, затоа што францускиот предлог им ги згази достоинството и дигнитетот.
Политиката го растура општеството од внатре. Го споменавте 2 август, ние Македонците овој 2 август не бевме среќни, со сето тоа што се случуваше во континуитет. Сите оние отстапки што се направија, непристојниот француски предлог за којшто видовме дека и нашиот претседател на државата и премиерот директно учествувале во негово изготвување, не згази како народ, ни го згази достоинството и дигнитетот. Јас ги молам и барам од сограѓаните Албанци да не разберат во каква состојба сме. Доколку некој дојдеше и побараше од албанските граѓани во државата да им прави ревизија на историјата, да им каже дека тие не зборуваат албански, да им каже дека во Македонија немало на времето албанско малцинство како тие тоа што го кажуваат за Бугарија, дека не постои македонско малцинство, дали ќе беа горди? Не, секако – изјави Димитриевски.
Во емисијата, Димитриевски потенцираше дека кај граѓаните, особено кај Македонците, постои голема разочараност од она што значи национален аспект и дигнитет на секоја единка којашто припаѓа во тој сегмент.
И затоа, ние бараме поддршка од нашите сограѓани Албанци да не разберат, а знаат Албанците да го разберат тоа и во минатото се соочувале со вакви проблеми. А од друга страна се создаде една слика дека целата политичка елита којашто доаѓа од Албанската провиненција апсолутно даде поддршка на еден ваков предлог кој не е прифатлив за мнозинството граѓани од македонскиот електорат. Ова е заедничка држава, живееме во наша држава која треба заедно да ја градиме – посочи Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.