Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека во Македонија може да се создаде нова авангарда која може да ја извади државата од тешката социо-економска криза.
Граѓаните се многу поумни кога размислуваат заедно од сите нас и токму тие ќе ги испратат вистинските насоки како тоа да се движиме. Сметам дека Македонија може да создаде една нова авангарда којашто може да ја извади од оваа тешка социо-економска криза и чекор по чекор да ги надминува успешно сите овие проблеми за да дојдеме во состојба кога ќе бидеме навистина реално, суштински по дефиниција држава која ќе се потпира на сопствени ресурси, средства, а странските партнери само ќе ги користиме како дополнителна вредност на сето тоа во взаемните придобивки и реализација на економскиот и безбедносниот или друг интерес – порача Димитриевски.
Тој порача дека во моментов е сконцентриран на решавање на проблемите на кумановци и дека неговата цел е да ги обедини во целост, но и да ги намали политичките разлики кои постојат во Куманово како град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.