Maкедонците од Србија бараат од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го отповика амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчковски.
Како причина за отповикувањето е гласот „за“ на Фрчковски за Резолуцијата за геноцид во Сребреница без консултација со шефот на државата.
Згора на тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката Србија да се прогласи за геноцидна држава а Македонија да биде коспонзор.
Горан Илијевски, од Партијата на Македонците во Србија смета дека Фрчковски ги загрозил државните и националните интереси.
Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата и да се отповика. Со тоа колку-толку може да се подобрат односите со Србија и на некој начин да се оправдаме. Османи морал да се консултира со претседателката пред гласањето – вели Илијевски за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.