Во огласот за вработување на здравствени работници на неопределено време се вели дека ГАК има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец.

„Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром… Добро, луѓе, дали сте нормални?“, прашува д-р Ненад Лазаров во реакција на Фејсбук.

Тој тврди дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет.

„Каква врска има националност со гинекологијата и акушерството?“, прашува тој.

Конкурсот е распишан врз основа на Законот за вработени во јавниот сектор. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека пред објавување на конкурсот огласот, тој се одобрува од Управниот одбор на клиниката и дека Законот го предвидува тоа, но знаењето и искуството имаат поервенмствено значење.

И премиерот Димитар Ковачевски изјави дека законот е таков, иако етничката припадност според него не може да биде професија.

Според претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, неуставни и незаконски се сите огласи за вработувања во јавната администрација во кои се бара кандидатите да бидат припадници на соодветна националност, пишува А1он. Кацарска смета дека ваквите огласи се противуставни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.