Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори.

Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Македонија и Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години.

Во рамките на средбата се дискутирале глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.

Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изразил задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји, стои во соопштението на ССКМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.