Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција. Како што објави 4news тие им се обратиле барајќи помош за нивно извлекување од селото. Велат дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува.
Станува збор за шест возрасни лица и едно малолетно дете.
Според нивните зборови, тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала. Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село.
Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од 50-на верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.