Автобус кој се движел на релација Хамбург – Охрид бил запрен во Хрватска од страна на сообраќајна полиција која утврдила низа прекршоци. Според видеоприлогот на ХРТ кога полицијата влегува во автобусот, затекнува празно возило, без патници. Возачот Сулејман посочува дека е празен поради тоа што луѓето летово биле во Македонија, а сега се враќаат назад во Германија, каде работат.

Во торбицата на еден од возачите е пронајдена картица од шофер кој не е присутен во возилото.

-Три возачи, четири картици. Манипулираат со работното време. Додека возат пишуваат дека одмараат, возат на туѓа картичка, вели Маријан, полициски службеник во мобилната единица на сообраќајната полиција.

Пронајдени технички неисправности и манипулации со одморот на возачите, односно злоупотреба на работното време.

Утврдено е дека е истечен периодот на тахографскиот уред во автобусот пред месециполивина. За сите тројца возачи се утврдени манипулации со работното време, односно времето за одмор, бидејќи возачите пријавуваат кога се одмараат, а всушност во тој период не одмараат, туку се наоѓаат во автобусот – вели Ведран, полициски службеник.

Правното лице е казнето 6728 евра. Освен тоа биле одземени и исправите за поминување на границата за да се обезбеди нивно присуство во прекршочната постапка и наплатата на изречената казна.


ВИДЕО ПРИЛОГОТ ОД КОНТРОЛАТА НА АВТОБУСОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.