Македонската амбасада во Тирана, објави повик за македонските државјани на територијата на Албанија, за увид во Избирачкиот список, упис во него и пријавување за гласање на претстојните избори во Македонија.

Повикот се однесува за сите државјани на Македонија, припадници на македонското национално малцинство, лица со привремен престој и лица со постојан престој во Албанија, кои сакаат да го остварат своето гласачко право на претстојните избори.

Информации за процесот на запишување во посебниот Избирачки список, како и пријавување за гласање во амбасадата, за претседателски и парламентарни избори, кои ќе се одржат на 24 април односно 8 мај, може да ги добиете на следните веб страните:

Министерството за надворешни работи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik;

Амбасадата: http://madrid.mfa.gov.mk/mk/page/1908/javen-povik или

Државната изборна комисија https://www.sec.mk/.

Од МНР додаваат дека увидот и запишување во Избирачкиот список може да остварат од 28 февруари до 18 март годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.