Делегацијата од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, на 26 и 27 септември, во седиштето на Европол во Хаг, Холандија учествуваше на Европската конвенција за шефови на полиции 2023 година, осмислена како панел дискусии на актуелни теми кои што претставуваат предизвик земјите од Европа.

Организираниот криминал како фактор за дестабилизација на нашето општество, динамичното темпо на евалуација на сајбер криминалот, како и предизвиците од нелегалната миграција беа главни теми за дискусии за време на дводневната конвенција.

Во рамки на Европската конвенција, директорот Тасевски, како што инфромираат од МВР, остварил и билатерална средба со извршниот директор на Европол, Катрин Де Бол, на која се дискутираше за моменталната успешна стратешка и оперативна соработка помеѓу Република Македонија и Европол. Де Бол го истакна успехот во борбата против криумчарењето на мигранти со оглед на намалениот проток на илегални мигранти низ територијата на РСМ. Директорот Тасевски ги објасни начините на кои македонската полиција се справува со криумчарењето на мигранти и упати благодарност до Европол во однос на оперативната поддршка што ја добиваме во борбата против недозволената трговија со дрога и борбата против тероризмот. Де Бол и Тасевски потенцираа дека и во иднина ќе работат на јакнење на оперативната и стратешка соработка.

Директорот Тасевски оствари билатерални средби и со директорите на полициите на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија. На средбите, се вели во соопштението, бил ставен акцент на најновите миграциски текови, територијалната застапеност на Фронтекс, заедничкиот пристап кон спречување на криумчарењето на мигранти, како и заложбите на регионот да се стават под контрола организираните криминални групи, кои претставуваат закана за безбедноста на земјите од Западен Балкан. Заедничка констатација беше дека соработката е на завидно ниво



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.