Денес испраќам порака за обединување на народот против власта. Потребно е обединување и надраснување на сите наши разлики и поделби. Затоа што влегуваме во финалето на уривање на оваа власт позната како најкриминална и најнеспособна.
Силата на обединувањето треба да биде голема, затоа што целите пред нас се големи. Народот против власта.
Мора да бидеме едни со други, и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главниот двигател на процесот. Од ударите кон ВМРО-ДМНЕ има корист само власта која ја разградува Македонија, а разединувањето само е од корист за тие кои ја уништуваат Македонија.
Бранот на промени се случува, тоа го покажуваме на локално ниво каде се работи домаќински и одговорно и во периодот што следи ќе ме има повторно меѓу народот со градоначалниците и промените кои тие ги започнаа – порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во своето обраќање на свечениот настан по повод 31 годишнина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – „Визија за победи, шанса за промени“ што денеска се одржува во салата „Марко Цепенков“ во Прилеп тој нагласи дека пет тима од партијата, тој и потпретседателите, членовите на Извршниот комитет, секретарите ќе бидат на терен.
Нашиот слоган ќе биде „Промените се случуваат, секогаш со народот“. И тие промени ќе ја турнат и централната власт и оваа влада. Затоа што само така ќе обезбедиме иднина за народот и за младите луѓе. А младите се и ќе останат нашиот фокус. Сергеј, имам една порака до тебе. Води ги младите и обедини ги. Имаме значајна битка и тоа е битката на мојата и твојата генерација, после која мора да обезбедиме иднина. И Македонија повторно ќе се издигне од пепелот и повторно ќе биде силна, исправена и стаменита. Затоа што Македонија е нашата најголема љубов, нашата цел и нашиот сон. Заедно и обединети до целта – рече Мицкоски пред насобраните сопартијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.