На Македонија не и е лесно ниту во Европа, ниту со неа. Најпрво соседна Грција го спречи почетокот на преговорите за членство во ЕУ а сега и Бугарија.
По спорот кој траеше повеќе од две и пол децении, Скопје се согласи да го смени претходното име на државата. Ова му го отвори патот за влез во НАТО, па Македонија стана нејзина членка во 2020 година.
Но, Бугарија долго време го кочи приближувањето на земјата кон ЕУ. Таа сака да изнуди промени во толкувањето на националната историја од Македонија според волјата на Софија. Дополнително, Бугарија тврди дека македонскиот не е самостоен јазик, туку само западно-бугарски дијалект, пишува „Дојче веле“.
И, конечно, се бара бугарското малцинство, кое брои само 3.000 припадници, да биде вклучено во Уставот на Македонија како „државотворна нација“. Во исто време, во Бугарија се негира постоењето на македонското национално малцинство-пишува Дојче веле
И покрај охрабрувачките говори и празните ветувања на западните политичари: Македонија е сè уште играчка на меѓународната политика. И земја кандидат за членство во ЕУ која толку долго чекаше на почеток на преговорите како ниедна друга земја пред неа. Сепак, т.н
Пристапната конференција во јули 2022 година го означи формалниот почеток на преговорите. Но, поради бугарската блокада тоа се уште не се вистински преговори, каде би се отвориле поединечни поглавја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.