На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев.
Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“
По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите.
Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.
За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.
Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.
Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.