Владата на денешната редовна седница во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на Министерството за надворешни работи, ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

Согласно одлуката на Владата, соопштија од владината прес-служба, специфични државни институции на Македонија се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19 во Македонија, поради хуманитарни причини, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.