Заменикот-претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денеска во Охрид оствари билатерална средба со вицепремиерот на Унгарија Золт Семјен во рамките на меѓувладината седница меѓу Република Македонија и Република Унгарија.

Соговорниците, како што соопшти Владата, разговарале за повеќе актуелни теми при што заклучиле дека двете држави споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери, пред сѐ во делот на проширувањето на Европската унија, економијата и слободата на вероисповест и правото на верско изразување.

На средбата, како што е наведено, било потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата и ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

Унгарија, како штое нагласено, е силен поддржувач за наше забрзано и целосно европско интегрирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.