По осумнаесет години македонска делегација на 2 август ќе присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година

„Илинден – нашата сила за иднината“, е слоганот под кој годинава, се одбележува 2 aвгуст – Денот на Републиката. Традиционално, чествувањето на денот кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, започна синоќа со манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. На Манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево.

„Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.

„Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката.

Да го празнуваме во слога и обединетост.

Одбележувањето на Илинден на 2 aвгуст започна со настаните во Скопје, каде што високите делегации ќе ги предводи и ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Делегација предводена од претседателот Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, на градските гробишта „Бутел“. Потоа, делегации ќе положат свежо цвеќе на спoменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.

Свечената манифестација ќе продолжи со обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски во вилата на Водно.

По речиси две децении македонска делегација ќе оди во „Св. Прохор Пчински“

По осумнаесет години македонска делегација на 2 август ќе присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Државно-црковната делегација ќе ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.