Врз основа на информациите кои се споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во Република Македонија како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, ве информираме дека не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Република Македонија, велат од Владата за МИА, во врска со последните случувања на Косово.

-Безбедносната состојба во државата, во корелација со случувања на Косово, е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања, сите институции задолжени за безбедноста се максимално будни. Ги осудуваме настаните кои се случија денес и даваме целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот, велат од Владата.

Од Владата апелираат „за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени на мирен и демократски начин, и во функција на напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.