Министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, денеска распиша избори за членови на Националните совети на националните малцинства (НСНМ) во Србија за 13 ноември, меѓу кои и на НСНМ на македонското малцинство, јави допсиникот на МИА од Белград.
Членовите на Советот, како што рече Чомиќ на прес-конференцијата, ќе се избираат директно или преку електорско собрание.
Како што кажа, Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на 3 септември привремено склучи, согласно законот, посебни избирачки списоци кои се водат за 23 национални малцинства кои имаат свои права во Србија, со цел да се утврди кои национални малцинствата одат на непосредни, а кои поради недоволен број на доброволно запишани гласачи ќе гласаат преку електорско собрание.
Во недела, на 13 ноември, на непосредни избори ќе се избираат членови на советот на 19 национални малцинства, додека четири малцинства, македонското, горанското, хрватското и црногорското ќе се избираат преку електорско собрание, рече Чомиќ.
Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура ќе се пријават и ќе ги исполнат законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на свој НСНМ.
Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – припадници на националното малцинство.
Националните совети во Србија, меѓу кои е и Македонскиот национален совет, е државна институција, финансирана од буџетот на Србија, преку која националните малцинства во Србија ја остваруваат својата со Уставот загарантирана самоуправа во образованието, културата, информирањето, употребата на јазикот и писмото, но не и во политиката.
Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно.
Но, на повеќе досегашни средби на македонците во Србија, како и на средбите со преставници на македонските власти, беа искажани големи проблеми и неслога, со обвинувања на работата на постоечкиот Национален совет и распределбата на финасиски сретства меѓу нив.
Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.
Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.