Крајно револтирани од натписите во медиумите за изборот на Златко Делов за нов Почесен конзул во Риека, Република Хрватска, ви се обраќаме со ова отворено протестно писмо.
Како е можно сето тоа да помине во тајност без претходна консултација со Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво „ИЛИНДЕН“ од Риека, како најстаро МКД, кои повеќе од 32 години работат и делуваат во Република Хрватска, како етаблирана, респектабилна и високо почитувана заедница од страна на Република Хрватска, што во овој случај не е и со Македонија. Досегашната пракса беше поинаква, па сѐ се работеше со заемен договор. Сето тоа и за сите заслуги на поединци добро го знаат досегашните амбасадори на Република Македонија и македонското Министерство за надворешни работи.
Ваквиот чин го окарактеризираме како крајно навредлив и понижувачки не само за нас туку и за земјата домаќин, Градот Риека, Прморско-горанската жупанија и сите поединци кои го вградиле својот живот во развитокот на тие врски и односи.
Имено, во Риека постои плејада на личности кои имаат далеку поголеми заслуги во унапредувањето на заемните хрватско-македонски врски и односи, а вие именувате потполн анонимус со никакви референтни вредности за оваа чесна должност. По некое непишано правило за Почесен конзул се бира човек од мнозинскиот народ којшто со своите вредности и ангажман битно придонел во развитокот на билатералните односи на двете земји.
Лицето Златко Делов, кое е дојдено од Канада пред неколку години, со никакво познавање на долгогодишните хрватско-македонски врски и односи кои се долги години макотрпно градени од нас и заслужни поединци од мнозинскиот народ, кои се во овој случај прескокнати, заборавени и намерно изоставени, постанува Почесен конзул / срамота.
Гледај чудо од референтни вредности кои ги изнесуваат медиумите – бил директор на Здравствениот дом во Битола, па најверојатно поради доброто раководење поставен по баби и стриковци или по партиска линија, во што не сакаме да навлегуваме, поставен е за директор на Домот за култура во Битола, споиво како вода и масло. И тоа е сѐ од неговите референци.
Поради тоа и поради фактот дека лицето Златко Делов е екскомуницирано од Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво „ИЛИНДЕН“ од Риека, уште од поодамна, тој понатаму останува за нас „Persona non grata“, непожелна личност со која не сакаме никаков контакт ни соработка.
Со одлука на Владата во почетокот на август битолчанецот д-р Златко Делов е именуван за нов почесен конзул на Македонија во Хрватска.
Д-р Златко Делов живее и работи во Ријека, Хрватска, каде има своја стоматолошка ординација.
Во неговата биографија додека живеел и работел во Битола стои дека бил директор на Домот за јавно здравје, директорот на Центарот за култура и информации и заменик-директор на Филскиот фестивал “Браќа Манаки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.