Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.
Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.
Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, велат од ОМО Илинден.
Во Битола претходно бугарскиот државен врв присуствуваше на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста.
Откако во земјава, пејачот Ламбе Алабаковски го запали влезот на клубот во Битола, и потоа ја признал вината откако полицијата го приведе, Македонците во Бугарија кажаа дека и нивниот клуб бил вандализиран, но бидејќи немало поголема штета, полицијата не преземала мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.