М-НАВ или Македонска навигација денес само ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги обелоденува во рамки на аферата „Паразити“.
М-НАВ потврди дека се земаат илјадници евра плати во ова државно регулаторно тело.
М-НАВ има директор кој се именува на предлог на Владата, односно е државно регулаторно тело.
М-НАВ се формираше со поделба на Агенцијата за цивилно воздухопловство во две тела, едно, М-НАВ кое е друштво во државна сопственост и друго, регулаторно тело кое остана како Агенција за цивилно воздухопловство.
Или денеска М-НАВ ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ од аферата „Паразити“ дека функционери именувани од Владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години.
М-НАВ само потврди дека извршните директори Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно околу 266.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.