Потпретседателката на владеачката СДСМ Сања Лукаревска, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кментираше за уставните измени.

„До крајот на мандатот ќе работиме на уставните измени. Уставните измени ни се единствената можност која може да ги оправда овие рефорсмки процеси и да бидеме дел од Европското семејство. Не станува збор за никаков бугарски диктат. Треба да покажеме и ние и опозицијата дека ова треба да биде наша заедничка цел“, рече Лукаревска.

На прашањето дали од партијата се за заеднички избори, таа со став:

„Како втор човек во СДСМ имаме зборувано за заеднички избори. И нашиот став е дека постојат редовни термини, еден за претседателски, друг за парламентарни, што значи дека ние сме за раздвоени“, вели Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.