Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме, ја почнува својата приказна за „Алфа“ охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби. Целиот живот буквално го собравме во неколкиу најлон кеси, додава тој, полнејќи ги со сува храна, вода, и алишта, сè што ќе ни се фатеше при рака.
Оставајќи го зад себе домот и дел од семејството кои не сакале да ја напуштат Украина, Дарко трнал на пат за Македонија со сoпругата и двете малолетни дечиња.
Првите бомби пукнаа во 5 ч сабајле, а ние веќе во 8.30 излеговме од дома. Кога излеговме имаше премногу гужва, бидејќи живееме блиску до излезот од градот, јас сакав да излезеам на кружен но беше блокиран, стоеше украинска војска и не пушташе и одма свртивме назад низ цел град на другиот излез но и таму веќе беше сè блокирано со коли. Луѓето возеа каде што имаше можност, сите коли возеa, излегуваа на другата лента, као не доаѓаат коли една луѓето излегуваа на друга и одеа така што побрзо, вели Дарко Кипаризовски
Додава дека извлекувањето од Украина траело два дена, во кои спиеле кај туѓинци, сè додека не стигнале на граница со Молдавија.
Видовме едно село дека има, пробавме таму да видиме некој дали издава, имаше се продаваше една куќа и ѕвонавме на жената, таа рече куќата се продава нема ништо внатре, нема вода, нема струја и ни помогна побара кај други и нè смести кај друга жена. Молдавија стигнавме, имаше големи редици и рекоа дека овде се чека по 24 до 48 часа. Имаше луѓе, Украинци кои носеа на граница јадење имаше комбиња кои даваа чај, кафе, супа, пире, за деца сендвичи, вода, сок. Тоа беа цивили, имаше еден човек кој што одеше и ги сместуваше во фамилии секој некој што може од гратчето да земе, додава Кипаризовски
Во Молдавија и Романија уште на граничниот премин волонери им давале сим картички и го упатувале сместувајќи ги во приватни куќи или хотели. Тој раскажа и за Романија каде непознати луѓе, дечиња им купувале намирници на своите врсници, а една постара жена на коленици ги молела да ги земат парите, ставајќи им ги во рака.
Тоа се трогателни моменти, кои емотивно тешко се доживуваат. Без оглед од каде доаѓаме,ние сме сите луѓе. Сè е беспатно, сè е платено, ни рекоа. Нема што да плаќате ако сакате седите два или три дена колку што сакате. Во Бугарија кога требаше да полнам бензин застанав на бензиска и еден човек ми вели „од Укранина сте? јас ќе го платам бензинот, сакам да помогнам“, истакнува Кипаризовски
Кога стиганале дома, на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон, на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.
Извинете рекоа, не можем , не е ништо до нас мора да платите зелен картон. Украинците беа малку разочарани и јас бев малку разочаран, но реков во ред, живот е, ваму ми помогнаа многу но сега нешто мора и да и платам. На ова сакам да додам апел ако може некој од нашите од македонската држава да нема зелен картон за украински коли затоа што немаше ни во Моладивија, ни во Романија ни во Бугарија, додава Кипаризовски
По шестдневно патување и 2.500 км, Дарко и неговото семејство се во родниот Охрид, но тој постојано контактира со 30-тина Македнци кои сè уште се заглавени во Укранина.
Ако некој поминува од таму да ги земе од на граница дали од Романија, дали од Бугарија навака. Затоа што сите кои се останати се без кола. Пишуваат дека е лошо, овие што се во Киев цело време трчаат во скривници, нема доволно вода, нема храна, струја нема во многу делови греење нема, исто како кај нас во Харков, има рестриции. Јас мислам дека не може уште долго да издржат, тешко е логистички супермаркетите не успеваат да донесат јадење, пробуваат носат, но луѓето чекаат кој што ќе купи и за во аптеки исто има проблем со дотур на лекови. Никогаш не би помислил дека во 21 век ќе гинат недолжни луѓе, уверен бев дека размумот ќе провладее, среќен сум што сум овде на сугурно, но тажен што сиtе родниni и пријатели останаа во Украина. Моето 5 годишно синче сè уште ги брои деновите до роденденот на своето другарче, верувајќи дека навреме ќе се вратиме дома во Украина и дека заедно ќе ги дувнат роденденските свеќи, раскажува Дарко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.