Денеска се одржа протест на пензионерите во Жена парк во Скопје од кој порачаа дека сакаат поголеми пензии. Тие побараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.

На протестот пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

Се уште не пробале лубеница ова лето, а ниту можат да им купат чоколадо на своите внуци, велат пензионерите на денешниот протест во Жена Парк на кој бараат покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа пензионерите.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.