Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака.

На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори:„ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив а не од нас“.

Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука, баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски“, кажа Лога.

Повтори дека при посетата на македонската делегација во Турција им било кажано дека судскиот дел кај нив е завршен и останува само административниот дел.

Според нивните правила мора прво таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде во брзо време, бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција, информира Лога.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.