Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи ние сме сега во состојба во девастирана држава по сите основи. Во однос на здравство, економија и социјален статус на државата. Нас ни е сега должност да се вклучиме што помасовно во политиката сите кои имаме добри намери за да придонесеме што повеќе, изјави Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на денешниот политички саем „Саем на промени што носат иднина“.

Тој додаде дека тргнале со силен елан и мотивација да работат и со многу добра програма.

Една од важните работи со која тргнавме како мото и во предизборието е тоа дека влеговме храбро, смело и со еден слоган во кој се вели не ветувам нешто што не можам да реализирам. Ние тргнавме со една таква идеја дека ќе бидеме транспарентни и отчетни што можеме повеќе да ги запознаваме граѓаните, рече Љутков.

И во предизборието ги поминавме сите урбани заедници, месни заедници и разговаравме со граѓаните, ги видовме нивните потреби и тоа го преточивме во програмите. Така и сега ни е должност секоја година наесен повторно да ги посетуваме и повторно да ги вклучуваме граѓаните во донесувањето на одлуките за новите програми кои ќе се носат за 2023 година, потенцираше Љутков.

Љутков изјави дека општината е во многу добра финансиска состојба, и има дури 4 пати повеќе обезбедено приходи за разлика од претходниот градоначалник во претходната година. Она што сега е фокус се нацрт програмите, инфраструктурата и да го оправдаат сето она што го ветиле во програмата за наредните четири години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.