Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошкоски кој зема 50.000 евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, продолжувајќи ја листата на функционери на власта како дел од аферата „Паразити“.

Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДСМ и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат. Таков е примерот и со Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за мандат, а никој не знае што работи и што придонесува за тие пари. Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и речиси 50.000 евра за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист. Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3.000 евра месечно или 144.000 евра за мандат“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека власта на СДСМ и ДУИ во оваа криза има други приоритети, различни од тие на народот.

На власта приоритет и се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.