Нема да отстапам од барањето одговорност за направениот пропуст. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онишченко“ за доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека не е само непријатно изненаден, туку и „огорчен од начинот на којшто лице што е на црната листа на Соединетите Американски Држави, наш стратешки партнер, ги има добиено сите позитивни мислења за добивање државјанство на Македонија“.

Обврска на Агенцијата на национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага, внатре, во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата, секако на затворена седница, бидејќи се работи за сензитивни информации, порача Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.