СДСМ почн кампања со наслов „Резултати што прават разлика”, а писателот и активист Божидар Божиновски направи листа од „разликата“:
– Бројчаникот не проработе, од сите тие силни украдени милијарди вратени е ситно
– Криминалците се ослободени, кој си купи слобода, кој се испазари
– Промена на име после неважечки референдум
– Она на М уште се вози, нема амбулантни коли купени од продажбата
– Најголема смртност од Корона во Европа
– Здравствен систем во распад, новиот клинички има само управен одбор, а и да се изгради си заминаа лекарите и медицинскиот персонал
– Никаква одговорност за Дурмо турс, Беса транс, пожарот во тетовската модуларна болница
– Судство отворено ко пупка, 4% доверба
– Во пола Македонија не може да се наплати ни струја, ни данок
– Дуизација на Македонија, владеат со сите сектори и полус бизнисот. Милиони евра субвенции за некаква електрична кола, тргнаа и по рудниците во источна Македонија (за кои исто така имаше референдум дека не сакаат граѓаните рудници)
– Највисока инфлација во Европа
– Меѓу највисоки цени на храна, за да се помине месец се потребни 2,5 минимални плати или 1,5 просечна плата
– Потпишување на Договорот за добрососедство со кој се продава македонската историја, јазик и идентитет, патот за ЕУ со кој толку се фалат го предадоа на желботека на Софија
– Промена на Устав со кој ќе се нанесе огромна штета на Македонија
– Учебници за настава нема
– Милиони евра секоја година дадени за хонорарци чија единствена цел е да ја фалат владата дур децата се лечат со смс
– Бехтел и Енка, договор кој е критикуван о од ЕУ поради нетранспарентноста и сомнежите за криминал
– Робовски закони за работа од 60 сати неделно
– Притисоци кон неистомисленици
– Легализација на дивоградби, дури и оние со базени, дури и оние во Национални паркови
– Севкупна партизација во сите сектори
Ова е на прво. Стварно направивте разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.