Срамна и катастофална е македонската унилатералната декларација за јазикот, велат научниците. Со неа само се потврдуваат тезите на Бугарија дека македонскиот јазик е вештачка творба. Со декларацијата се негира неговиот историски континуитет и простирање, вели за Сител, професорката Елка Јачева Улчар, и во вода паѓа фалбата на политичарите дека се избориле за чист македонски јазик во преговарачката рамка.
Лингвиститот Емил Ниами со идентични ставови. Историјата на македонскиот јазик не почнува од 45 како што стои во декларацијата, ниту пак се развивал врз дијалектите само во денешните државни граници.
Ваквото просторно ограничување за Улчар е погубно и за науката и за македонската нација.
Во едностраната декларација Бугарија пак јасно се кажува дека не го признава македонскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.