Барањата кои пензионерите ги имаат до Министерството за труд и социјална политика се линеарно покачување на пензиите од 5 илјади денари, 18 илјади денари најниска пензија како и ослободување од партиципација за здравство за жените постари од 62 години и мажи постари од 64 години, вели Потпретседателката на Иницијативниот одбор на пензионерите, Верче Јанческа.
Ако тие барања не бидат исполнети, Иницијативниот одбор ќе утврди поригозорни мерки, рече Јанческа.
Отстапки нема. Ние ќе замолиме сите земјоделски и стечајни работници, сите оние кои што немаат остварено право на пензија и кои немаат 15 години стаж, родителите на децата со хендикеп и церебрална парализа, нека ни се приклучат на овие протести и да бидеме што е можно повеќе масовни бидејќи масовноста победува, изјави таа.
Јанческа додаде дека министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска упорно ги лаже, дека ќе излезат со пакет мерки и дека имало работни групи кои работеле на оваа проблематика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.