Левица поднесе кривична до ОЈО Скопје против собранискиот спикер Џафери.

Од партијата во дописот посочија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во соопштението дообјаснуваат дека пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст.1 од Кривичниот законик,

Џафери пак и вчера во гостување на ТВ 24 посочи дека тој постапил деловнички но и има обврска да води сметка за како што вели уставот и законите на државата и додаде доколку повторно биде поднесена таква иницијатива исто би постапил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.