По неуспешниот обид новинарката Бесмира Ејупи да стане генерална конзулка во Њујорк, министерот Бујар Османи ја вработил во МНР надвор од процедурата, реагираа од Левица, откако денес Османи истакна дека е завршена процедурата за испраќање на 4 нови амбасадори.

Дополнително, без претходно искуство и соодветно звање, Ивана Костовска е најновиот вработен во МНР по согласност од деспотот Османи. Се работи за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, кој гласаше ЗА „францускиот предлог“ и беше спремен да предизвика насилство во Собранието за бугаризација на Македонија. Потсетуваме дека претходно за генерален конзул во Чикаго беше испратен синот на провладиниот политички аналитичар, Алберт Муслиу, велат од Левица.

Од таму посочуваат дека пред неколку дена претседателот Стево Пендаровски ги потпишал указите за амбасадорите во Софија и Брисел без да бидат сослушани пред собраниската комисија, со што направи уште еден дипломатски преседан.

Преку низа скандалозни одлуки за кадровски решенија, карактеристични за тоталитарно општество, владејачката клика неминовно потврдуваат дека измеќари на туѓите интереси. Ангажирање на партиски послушници, кои имаат лични и семејни релации со функционери на СДСМ и ДУИ, е режимска алатка на Владата со тенденција за зголемување на тимот кој се стреми да продолжи со деструктивните дипломатски одлуките за докусурување на Македонија, велат од Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.