Со 750 собрани потписи Левица и официјално ја поднесе иницијативата за референдум со  прашање Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со приваќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 . Лидерот на партијата Димитар Апасиев денеска посочи дека процедурата институционално била комплицирана но вели се надева дека ќе се исплати бидејќи формално правно прашањето е јасно –  поставено на начин на кој не очекува собвранискиот спикер Џафери да го оцени како не уредно .

Откако собранискиот спикер ќе ја прими иницијативата, според  Деловникот, ја препраќа до Законодавно-правната комисија и до Комисијата за политички систем. Во рок од два дена, овие две работни тела треба да оценат дали иницијативата е уредна. Ако иницијативата е уредна, собранискиот спикер во рок од 3 дена ќе треба да го извести подносителот за да почне со собирањето на 150 илјади граѓански потписи. Ако документот, според комисиите, не е уреден, тогаш Џафери е должен иницијативата да ја стави на дневен ред на првата наредна седница и тогаш да се произнесе пленумот со заклучок.

Доколку иницијативата го помине собранискиот филтер, законските одредби предвидуваат дека во рок од три месеци ќе треба да се соберат 150 000 граѓански потписи во подрачните единици на Министерството за правда.

Апасиев при поднесувањето на иницијативата до ДИК изјави оти се надева дека до крајот на оваа година ќе бидат собрани тие 150 000 потписи кои се потребни согласно законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.