Пратениците на Левица поднесоа два предлог -закони до Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време.

Со првиот предлог-закон, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.

Со вториот предлог-закон, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците.

Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.