И поетот Дарко Лешоски застана против одификуваниот француски предлог, во кој се вградени сите бугарски окупаторски барања. Срамота е, ако на Бугарите им се дозволи да бидат конститутивен народ во Македонија, како Албанците или Власите, вели Лешоски. Обраќајќи му се на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Лешоски прашува далу утре ќе го гони ако за некој бугарски поет напише дека е неталентиран.
Драг Бујар, на почетокот да биде појасно, еден мој многу драг и починат тетин велеше има два типа на разговор: од прочитано и од прекажано (рекла-казала, козерија)
Ова моево е од прочитано, го прочитав Предлогот.
Ако се бугарските барања и европски барања шибајте Бујар! Ние вистина е, сакавме во Европа. Во Европа, не во Бугарија. И не е проблем за мене и бугарскиот народ да е конститутивен дел од Уставот, Бујар. Проблем е што ќе се еднакво или поагресивно конститутивен (како што само тие знаат, ако постои таков термин, мада во бугарската дипломатија и криптовалути – сешто постои!), ќе се еднакво конститутивни како твојот албанскиот или влашкиот народ на пример. А знаеме и јас и ти дека тоа не се! Навреда е према Македонците и према останатите народи. Македонците се најширокиот народ на светот, сите соседи тоа го знаат. Со факти и квадрати земјиште.
Срамота е! И за крај и само за пример, утре мене ќе ми дојде преку глава некој поет од Бугарија, ќе кажам или ќе ми се испушти ќе напишам дека е трут или неталентиран – ќе ме гоните прекршочно или кривично, врзани ќе ти се рацете драг Бујар. Тој мене ќе ми рече: ” мрсник”, ќе мора да молчиш, нема да можеш да не одбраниш ако ти дошло до тоа или ако мислиш дека сум во право- се во име на таа бугарско-европска иднина. Тоа е таа “годишна средба” од предлогот Бујар. Лов на вештерки. Бугарска верзија од Шпанската инвизиција од “Монти Пајтон”. И не е проблем што се млатат коприви со туѓ курац Бујар, проблем е што обично тој курац е стално наш. Доста е Бујар, биди Бујар, не биди Бугар! Што велеше еден мој драг Велештанец, “ако не знајш кој си чуни – не секирај се, ќе ти кажет!“.
Со добри намери,
Дарко
П.С: Нема ништо пострашно на светов од млад човек кој е Никој, кого му кажуваат кој е и чив е, а не го прашуваат него. Кој нема што да изгуби.Ниедна војска на светов! Нека влезе во записник, како што ти кажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.