Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, денеска ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, каде што како што рече таа, владеат клиентелистички односи.

– Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката.

Ристоска успешно го водеше случајот „Таргет-Тврдина“ во кој осуден на затворска казна беше поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Пред две години таа за тоа доби „казна“ од мнозинството во Советот на јавни обвинители и не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.