Зборуваме за градење на патишта, а притоа го рушиме правниот систем на државата. Го рушиме со донесување и предлагање на вакви законски решенија со кои целосно се суспендира законот за работни односи, законот за градба, и еве денеска законот за урбанистичко планирање. Што се случува криејќи се зад добрите намери, а тоа е изградба на патна инфраструктурна мрежа се случува целосно понижување најпрвин на Собранието“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Лефков посочи дека суспендирањето на законските решенија укажува само на едно и потврдува само едно, а тоа е сите критики во изминатите шест години за владата на СДСМ и ДУИ дека немаат институционални капацитети за спроведување на големи капитални инфраструктурни проекти.
Соочена со својата неспособност и неспособноста да ги спроведува законите за урбанистичко планирање и законите за градење, и законот за работни односи, таа си одлучува и истите тие да ги суспендира“, рече пратеникот.
Тој посочи дека патниот коридор е испечатен само на маицата на Артан Груби, а не е познат воопшто. А, притоа власта склучува договори кои што чинат милијарди евра.
Запрашајте се кој од вас, кој од овде од овие кои што ќе гласаат ќе се согласат да бидат задолжени за наредните декади од нивниот живот за да градат нешто за кое што нема потребна документација“, порача пратеникот.
Лефков укажа дека ако се погледнат законските одредби, тие дополнително внесуваат немир. Зошто внесуваат немир? На пример и со законот за урбанистичко планирање и со законот за градење се споменува измена на она што значи стратешки проект, односно проект од стратешко значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.